ПАЛЧО Е ПРОЕКТ НА ПОЛИЦИЈАТА Досие на порталот Вечер за осомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска

Љупчо Палевски Палчо е полициски проект на СДСМ стар повеќе од две децении, а негов ментор е Зоран Верушевски, во време кога власта ја има СДСМ Верушевски е директор на УБК и Агенцијата за разузнавање. Нивното пријателство и соработка Палчо никогаш не го криел, доволно е да се побара на Гугл и следат неговите јавни настапи на Инфомакс и други места за да се потврди тоа. Постојат десетици сведоци кои лично ја знаат оваа релација, пишува порталот Вечер.