ПАДНАВ НА КОЛЕНА, ПОЧНАА ДА МЕ ГАЗАТ, ПОЧНАВ ДА ПОВРАЌАМ, МЕ ГАЗЕА… Сведочеше момче повредено во пожарот во кочанската дискотека

Не видов обезбедување внатре, беа надвор. Ние бевме едни врз други. Кога стигнав до вратата веќе беше хаос. Деца имаше на подот, едни врз други. Паднав на колена, почнаа да ме газат, почнав да повраќам, ме газеа и повеќе не се сеќавам. Некој ме извлекол, после ми кажаа другарите дека ме излекле. Кога излегов надвор од вратата, им пружив рака на полицајците, тие само ми рекоа да се тргнам, друга помош не ми пружија.