ПАДНА ВЛАДАТА НА ХОЛАНДИЈА Десничарски лидер излезе од владејачката коалиција поради расправија за азил

Останатите партии од коалицијата жестоко го осудија потегот на лидерот на холандската Партија на слободата, Герт Вилдерс. Каролин ван дер Плас од партијата ФГД го нарече чекорот „неодговорно политичко самоубиство“, Николин ван Вронховен од НОД го оцени како „потполно неодговорен“, а Дилан Јешилгоз од НПСД изјави дека е „длабоко разгневена“.