„ОВАА ВЛАСТ НЀ ВОДИ ВО ДЛАБОКА КРИЗА“ Според Филипче, СДСМ ги сочувал македонскиот јазик и идентитет, а ВМРО-ДПМНЕ ги загрозува

Секој нов пораз во надворешната политика, Владата го оправдува со сè подраматични и празни прес-конференции, обвинувајќи ги другите за сопствениот неуспех. Антинационалните политики на ВМРО-ДПМНЕ, со кои се обидуваат да го загрозат нашиот јазик и идентитет за сопствени политики се срамни, се понижувачки и се спротивни на здравиот разум, вели Венко Филипче, претседател на СДСМ.