ОКОЛУ 70 ВОЗАЧИ ЌЕ ЗАМИНАТ ОД ЈСП ДО 1 ОКТОМВРИ? Ќе возат за германска компанија во земјава

Пред извесно време во еден скопски хотел имаше средба меѓу возачите од ЈСП „Скопје“ со претставниците на германската компанија. Таму на возачите им беа објаснети условите за работа, кои тие ги прифатија, потпишаа договори и веќе од 1 октомври ќе започнат на новото работно место, вели нашиот извор.