ОСМАНИ КРИЕЛ КЛУЧЕН ДОКУМЕНТ? 25 земји на ЕУ дозволиле влез без „Северна“, тврди Милошоски

Ова е допис од 23.02.2024 од МВР на Италија до нивната гранична полиција во кој е наведено дека, по препорака на Европската Комисија, 25 членки на ЕУ донеле одлука да се дозволи слободно движење со валидни пасоши со името Република Македонија до крајот на септември 2024 година, напиша поранешниот министер за надворешни работи Антонијо Милошоски на својот Фесјбук профил.