Организирам бегство на Гордана Јанкуловска од „Идризово“!

Мојот план засега е сведен на мојата намера и во овој момент немам идеја како понатаму. Помислив дека можат да ми помогнат Стево Пендаровски и Никола Тупанчевски. Ако не, пак, кажете каде да се обратам. Од која банда да барам помош. Мора да има некое чаре. Толку многу пробисвети избегаа од „Идризово“, па зарем само Гордана Јанкуловска ли да остане до последниот ден?