ОД УТРЕ ЌЕ ВРИЕ ОД ПОЛИЦАЈЦИ НА УЛИЦИТЕ Тошковски најави посебна оперативна акција за безбеден град

Од денеска официјално објавуваме војна на багабонтите и криминалците кои од страна на претходната власт им било дозволено толку многу да хараат како во Скопје, така и на целата територија на Македонија, затоа што мислат дека и сега истото ќе го прават, изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.