Од „победник со победник“ до „лузер со лузер“

Не успеа планот за создавање т.н. санитарен кордон околу ВМРО-ДПМНЕ, што би ги намалил шансите на партијата на Мицкоски да состави влада по победата. СДСМ и ДУИ, партии кои се здружија на власт врз принципот „победник со победник“, сега влегоа во проект граден врз принципот „лузер со лузер“. Идејата беше ако СДСМ баш и не успее да формира влада на таков начин, барем да предизвика сериозна политичка криза. Планот се распадна, а избирачите на 24 април и на 8 мај ќе ги казни тие што го сковаа, со намера да се занемари нивната слободно изразена политичка волја.