ОД БИЗНИС СО МАЗГИ ДО НУКЛЕАРНИ ПОСТРОЈКИ Која е компанијата Бехтел што ќе ги гради македонските патишта

Станува збор за корпорација со голема традиција и импресивно портфолио, со огромен годишен обрт и операции на сите континенти, која има тесни врски со американската влада и особено со армијата на САД. Многу нејзини проекти имаат и политичко значење, а нејзини врвни менаџери заземале високи позиции во американската администрација.