ОБВИНЕТИОТ ГАЗДА НА „МАРКОВСКИ КОМПАНИ“ ЈА НАПУШТИЛ МАКЕДОНИЈА Судот во Струга вчера му го врати пасошот, денеска излегол на Табановце

Според обвинението, во 2023 година повеќе директори и раководители во РЕК „Битола“, заедно со Борче Марковски и уште две лица од „Марковски компани“, извршиле злоупотреби при јавна набавка за дислокација на погонски станици од рудникот „Осломеј“ во РЕК „Битола“, вредна 1,7 милион евра.