📽 ОБЛЕЧЕНИ ВО КОМБИНИЗОНИ И СО НОВИ ФРИЗУРИ Киднаперите и помагачите во убиството на Вања донесени во Кривичен суд

Таткото на Вања денеска во текот на денот даваше исказ по вторпат, но тој упорно негира дека бил вмешан во киднапирањето на неговата ќерка, кој само три часа откако била грабната од влезот во зградата, каде што живеела со нејзината мајка и сестра, била убиена.