ОБЕЗБЕДЕН Е БУЏЕТ ЗА 1.117 НОВИ ВРAБОТУВАЊА И ЗА 600 ПРИВАТНИ СПЕЦИЈАЛИЗАНТИ Ќе има нови и модерни хируршки сали во „8 Септември“

Министерот за здравство, Арбен Таравари, рече дека еден од најголемите проекти, којшто е започнат, е спојувањето на јавните установи од Комплексот клиники „Мајка Тереза” во нов правен субјект Јавна здравствена установа Универзитетски клинички центар „Мајка Тереза” Скопје. Тој информираше дека посветено работеле и на современ ургентен центар и педијатриски центар во Струмица, финализирање на проектот за болницата „Св. Еразмо” во Охрид, со отворање во 2026 година, реконструкции на болниците во Велес, Гостивар, Прилеп, Демир Хисар, како и на Центарот за цистична фиброза Козле.