НОВО ОБВИНИТЕЛСКО ЧУДО ВО ШТИП Обвинителката Кацарова издала наредба за вештачење еден ден откако вештакот веќе го доставил својот наод?!

Основниот суд во Штип со решение уврдил незаконитост во постапувањето и многубројни повреди на законот во постапувањето на штипската обвинителка Татјана Кацарова. Меѓу другото, таа успеала осомничен да држи во притвор повеќе од 70 дена, а смеело само 8. Но, на Кацарова никој ништо не ѝ може, бидејќи таа е фаворитка на државниот обвинител Љупчо Коцевски, во неговата битка за елиминација на суспендираните виши јавни обвинители Мустафа Хајрулахи и Јово Цветановски.