НОВ ЗЕМЈОТРЕС ГИ РАЗБУДИ ОХРИЃАНИ Епицентарот бил во Охридското Езеро, но од албанска страна

Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека, според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван во Охрид и блиската околина со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.