„НИКОЈ ОД НАС НЕ СЕ ЗАНИМАВА СО ШПИОНАЖА, ОВА Е КЛАСИЧНА АМЕРИКАНСКА ИГРА“ Владиците на МПЦ-ОА бараат објаснување од Пендаровски

Секој владика си има име и презиме, па нека излезе претседателот на државата и нека каже дека конкретно тој и тој човек соработува со странски служби на штета на Македонија. Оти, вака, и ние би можеле да излеземе и да кажеме, на пример, дека шефот на државата е предавник на својот народ. Но, како ќе го докажеме тоа што го кажуваме? Затоа, и претседателот е должен да ги докаже тврдењата, а не само да ги каже, изјави за Плусинфо портпаролот на Синодот на МПЦ-ОА, г. Тимотеј.