Ние во главите сме „завеани“, драги мои, а не во снегот!

Снегот овој викенд не ги „изненади“ надлежните, туку нè изненади нас, граѓаните. Не затоа што не знаевме каде и кога ќе врне. Знаевме, имавме прецизна и точна прогноза. Ама, многу е полесно човек да дреме на Фејсбук и на Инстаграм, отколку да се фати за лопата.