„НИЕ НАВИГИРАМЕ, А ВО ХОДНИКОТ ВИКОТНИЦИ И ТЕПАЧКИ – И КАКО НЕ БИЛ ЗАГРОЗЕН АВИОСООБРАЌАЈОТ?!“! Контролори на летање сведочат за упадот на бандата на Незири

„Сите бевме многу вознемирени. Како да не бидеме? Додека ние работиме со навигација на авионите, надвор во ходникот слушаме викање, расправање, тепачки… Кој може да се концентрира во таква ситуација? Како тоа не била загрозена безбедноста на авиосообраќајот, кога контролорите работеа во таква незивесност и вознемиреност?“ – велат револтирано контролори на летање со кои разговараше Плусинфо.