ВИЕ МАЧКАЈТЕ СЕ, А ТИЕ НЕКА КАСААТ Ќе се заштитиме ли од здодевните комарци или пак само ќе ги истушираме?

Лекарите велат дека во најголем дел каснувањата од комарци кај нас не се ништо повеќе од нервозна непријатност што ќе исчезне после 24 часа. Но, ова не е случај кај лицата со низок имунитет кои често се изложени на болести кои можат сериозно да ги загрозат нивните животи.