📽️ НЕВИДЕН СКАНДАЛ НА КОПА АМЕРИКА Бранејќи ги семејствата фудбалерите на Уругвај се степаа со навивачите на Колумбија

На една снимка се гледа како Мина Бонино, партнерката на Валверде, бега со дете во раце за да се спаси од хаосот што владееше на трибината каде што седеше. Бонино со асот на Реал и Уругвај има два сина. Едниот има 4 години, а другиот само што наполни една година.