НЕТАНЈАХУ ГО НОМИНИРАШЕ ТРАМП ЗА НОБЕЛОВА НАГРАДА Што разговараа двајцата лидери?

Средбата меѓу израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и американскиот претседател Доналд ТРамп започнала со размена на комплименти и фалење на американскиот воздушен напад врз ирански нуклеарни постројки. Нетанјаху го пофалил Трамп како човек што носи мир во регионот. Трамп, пак, го споредил ударот врз Иран со историската одлука на Труман да фрли атомска бомба, тврдејќи дека и двата потега ставиле крај на крвавите конфликти.