НЕМА ВЕЌЕ ДРОГА И ДЕЛОВИ ОД ОРУЖЈЕ ДА СЕ КРИУМЧАРАТ ВО ПОШТЕНСКИ ПРАТКИ Царината постави скенер во својот оддел во Пошта

Скенерот за поштенски пратки што денеска беше презентиран на официјален настан e донација од Канцеларијата на ОН за дрога и криминал во рамки на проектот Хермес 2, чија цел е спречување нелегална трговија со огнено оружје и експлозиви преку поштенски пратки во земјите од Западен Балкан.