НЕМА ЛЕБ ПОЕВТИН ОД 40 ДЕНАРИ Зејтинот сега чини 163 денари, сирењето и кашкавалот стануваат луксуз (ГАЛЕРИЈА)

Зејтинот кој досега се продаваше по цена од 135 денари, сега може да се најде за цена од 156 до 163 денари, а новата цена на брашното тип 400 сега се движи од 54 до 60 денари. Шеќерот се продава по цена од 55 до 60 денари, а пакување од 10 јајца по цена од 90 до 110 денари. Повисоки цени има и кај лебот, па тешко дека некаде ќе најдете леб поевтин од 40 денари.