„НЕ ТРЕБА ДА ИМА ТЕХНИЧКИ ПРЕМИЕР ОД ДУИ“ Мицкоски вели дека е подготвен да ја избрише техничката влада

Прво за мене е понижувачки како граѓанин и како политичар партијата која што во последно време е во центар на скандалите а тоа е ДУИ да номинира премиер. Не гледам каков квалитет тој премиер може да донесе и каква додадена вредност. Второ ценам дека земја која што пледира да биде дел од ЕУ мора да покаже и малку одговорност и зрелост. Ние треба да покажеме дека сме зрели, потенцираше Мицкоски.