НЕ СТАНА КОНЗУЛКА, АМА ЗАТОА ЌЕ ОДИ НА ДИПЛОМАТСКА МИСИЈА Бујар Османи ја испраќа ТВ водителката Бесмира Ејупи на испомош во Германија

Министерот за надворешни работи во заминување Бујар Османи денеска потпишал решенија за праќање дипломати на испомош во македонски дипломатски конзуларни претставништва низ светот, а на листата се наоѓало и името на ТВ водителката и несудена конзулка Бесмира Ејупи, објави порталот Експрес, повикувајќи се на извори во МНР.