НЕ Ѝ ОДГОВАРАВ НА СУДСКАТА-БИЗНИС ЕЛИТА Црвенковска поднесе оставка од претседател на Судскиот совет

Веднаш по мојот избор на функцијата започна медиумска хајка со крајна цел да дадам оставка затоа што мојот избор за претседател не одговараше на група од судската – бизнис елита. До ден денешен хајката не престана преку пласирање лажни информации до новинари, а во континуитет се опструираа и намерно се одолговлекуваа внатрешните процеси во Советот, кои се од клучно значење за успешно завршени задачи и за функционирањето на судството, наведува Црвенковска во оставката.