„НЕ НОСИ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ“ Началникот го намамил Баја во ресторанот во Белград?

Српското обвинителство се сомнева дека поранешниот началник на белградската полиција Веселин Милиќ го намамил Александар Нешовиќ Баја на средба во ресторан во Сењак, каде што подоцна било пукано кон него. Телото сè уште не е пронајдено, а во истрагата досега се уапсени десет лица.