НЕ НИ ТРЕБА ПОМОШ ОД НИКОГО ЗА ИРАН, НИКОГАШ НЕ НИ ТРЕБАШЕ Трамп тврди дека САД ја уништиле иранската армија

Отсекогаш го сметав НАТО, во кој инвестираме стотици милијарди долари секоја година за да ги заштитиме токму овие земји, за еднонасочна улица – ние ќе ги заштитиме, но тие нема да сторат ништо за нас, особено во време на потреба, објави денеска претседателот на САД, Доналд Трамп, откако повеќе западни земји го отфрлија неговото барање за воена помош за обезбедување премин на танкерите низ Ормускиот Теснец.