НЕМА РАСПРАВАЊЕ, ЌЕ ДОБИЕТЕ ДВЕ ПИСМА И ПОТОА ЌЕ ВЕ РЕПНАТ! Еве како ќе фунцкионира системот на безбедносните камери

Секој сторител на сообраќаен прекршок што ќе биде „фатен“ од камерите, на домашна адреса ќе добие фотографија од возилото со регистарската табличка, местото, времето и кој прекршок е направен. Ако сопственикот негира декас го управувал возилото за кое е утврдена казна, тогаш повторно ќе му биде испратена фотографија од лицето кое го возело автомобилот, но не и на другите патници кои се наоѓале во тој момент во возилото. После тоа виновникот ќе мора да плати.