НЕ Е УЧЕБНИК, ТУКУ Е ПРИРАЧНИК! Бирото за развој на образованието не чувствува одговорност за шокантниот „сексуален“ прашалник за средношколци

Со оглед на тоа дека Прирачникот (како и работните листови) и наставната програма за образование за животни вештини се изработени пред една деценија, истите ќе бидат предмет на ревизија во наредниот период кога се планира реформа на средното образование согласно нов Закон за средно образование, реагираше Бирото за развој на образованието.