„НЕ БИЛА ВО МОЖНОСТ ДА ГО УБИЕ, ДУРИ И ДА ПОСАКУВАЛА“ Одбраната побара ослободителна пресуда и за Левковска во случајот со Тот

Неспорно е дека истата презела дејствија против сега починатиот, но со оглед на нејзиниот физички капацитет, јасно е дека таа, без употреба на некакво опасно средство, не е во можност да го стори ова кривично дело, односно не била способна да го убие починатиот Денис Тот, дури и да го посакувала тоа, рече адвокатот Бојан Василевски во завршните зборови од судењето.