НАТО И ЕУ ЈА УНИШТИЈА ВОЕНО-ПОЛИТИЧКАТА ДИМЕНЗИЈА НА ОБСЕ Лавров бесен излезе од состанокот во Скопје

Земјите од НАТО и ЕУ ја уништија воено-политичката димензија на ОБСЕ. Во 1999 година, НАТО изврши нескриена, брутална агресија врз Југославија, членка на ОБСЕ и ОН. И во 2008 година, кршејќи ја резолуцијата 12 44 на Советот за безбедност на ОН и принципот на неповредливост на границите во Европа од завршниот акт на Хелсинки, на Србија ѝ беше одземено Косово без никаков референдум, истакна рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.