НАПАДНАТА СИНАГОГА ВО БЕРЛИН Непознати сторители фрлиле два молотови коктели, полицијата ја зголемува контролата на еврејските објекти

Заедницата Кахал Адас Џисроел вели дека нивната синагога во населбата Мите во градот била нападната утрово со два молотови коктела. Во комплексот во центарот на Берлин се сместени синагога, детска градинка и центар на заедницата.