НАМЕСТО ОДЗАДИ, ГО СЕДНАЛЕ МЕЃУ ДВАЈЦАТА ПОЛИЦАЈЦИ Избеганиот Мемети немал упат за во клиника, а командирот не го известил директорот

Затворскиот полицаец, кој седел до осуденото лице, воопшто немал со себе огнено оружје кое бил должен да го носи. Вториот затворски полицаец, од кого е одземен пиштолот, со кој е пукано во возилото, не се однесувал со должно внимание, оценува Управата за извршување на санкциите која изврши надзор во затворот.