„НА СДСМ МУ ТРЕБА ЛИДЕР, А НЕ ПАЗАР“ Деспотовски предлага кандидатите за претседател ако изгубат да не се „гребат“ за функција во партијата

Со предложената изјава секој од кандидатите се обврзува, во случај да не биде избран за претседател на СДСМ, да не прифати ниту една друга партиска функција на централно, ниту на локално ниво. Неприфаќањето се однесува и за позиции во институциите каде партијата назначува свои членови, посочува Деспотовски.