НАЈГОЛЕМИОТ ПРЕДИЗВИК НА ПИШУВАЊЕТО ЗА ВЕБ Имаш само 15 секунди или 2 скрина за да го зграпчиш вниманието на читателот!

Новинарите денес, како никогаш порано, имаат потреба да остварат силна и моќна интеракција со консументите на нивните содржини, при што предуслов за тоа е да ја поканат или дури и да ја предизвикаат публиката да влезе во нивниот „театрон“, да го зграпчат нејзиното внимание, да го фокусираат и да го одржат што е можно поинтензивно и подолго. Така треба и да пишуваат – магија од првиот збор!