НА ДИРИГЕНТКАТА ДИЈАНА ИЛКОСКА Ѝ ЗАБРАНИЛЕ ПРИСТАП ВО ФИЛХАРМОНИЈА Во Отворено писмо таа открива дека останала без работа и дека ја тужи институцијата

Откако се поништи местото диригент во систематизацијата на Филхармонија во 2019 година, решив да прифатам вработување на работно место Нототекар на место на пензиониран колега (не специјално отворено работно место за мене) поради мојата желба во таа институција да напредувам и да го дадам својот максимум како работник, но и како музичар и уметник, наведува Илкоска.