На дијаспората мора да ѝ се овозможи да гласа електронски или по пошта!

Во денешно време, кога со лаптоп, со електронска фактура и со електронски потпис, човек може да купи автомобил или стан, глупаво е да се расправаме за тоа дали може да се гласа електронски. Секако дека може. Нека почнат нашите дискриминирани иселеници, а потоа сите треба да добиеме можност да се регистрираме и да гласаме електронски.