МВР ГИ ПОТВРДИ ДОЈАВИТЕ „Палас“, „Мериот“, 15 училишта во Скопје и во Битола, Ист Гејт, ФФМ и Аеродромот

Од „Александар палас” се авакуираат гостите и вработените. Откажана е и денешната годишната конференција на Стопанската комора на Северна Македонија на која требаше да се обрати премиерот Димитар Ковачевски. Меѓу учесниците на конференцијата во „Александар Палас” беа и министрите за економија Крешник Бектеши и за финансии Фатмир Бесими.