МОЖНО ЛИ Е САД ДА СТОЈАТ ЗАД ПОГИБИЈАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ БОРИС ТРАЈКОВСКИ КАЈ МОСТАР? Молк за чудните тези на колумнистот на Фронтлајн

Колумнистот Благојче Атанасовски прилично јасно инсинуира дека трагедијата кај Мостар е поврзана со „борбата на Американците со српското влијание овде (како екстензија на руското)“, која тие (Американците) „таа борба немилосрдно и бескрупулозно  ќе ја водат до крај, макар да треба пак да пребаруваме тела на паднати авиони крај Мостар, колку и морбидно да звучи, но таа е реалноста.“