МОСКВА ПРЕДУПРЕДУВА НА ЕСКАЛАЦИЈА НА МОРЕ Русија испрати подморница да го брани танкерот „Маринера“ од американскиот прогон

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека брод на американската крајбрежна стража со денови го прогонува танкерот „Маринера“, иако тој се наоѓа на околу 4.000 километри од брегот на САД. Москва порача дека со загриженост го следи развојот на настаните.