МОРЕ КАКОВ ЛИСЕЦ, ФУНКЦИОНЕРСКИТЕ ПЛАТИ ДО НЕБО, А РАБОТНИЧКИТЕ ПЛАТИ ПОД МРАЗ! Фатмир Бесими најави замрзнување, синдикалците вџашени

„Ако Владата мисли дека работниците ќе стојат со скрстени раце, се лаже. Со најавата на министерот за финансии Фатмир Бесими дека вработените во јавниот сектор нема да добијат зголемување на платите оваа година, паѓа во вода сето она што се договара и преговара во економско-социјалниот совет и во Владата за усогласување на платите, или за линеарно зголемување во текот на оваа година“, се заканува претседателот на синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски.