МОРАМЕ ДА НАПРАВИМЕ ВАКВИТЕ ТРАГЕДИИ ДА НЕ СЕ ПОВТОРАТ Сиљановска Давкова вели дека трагедијата нѐ стави сите пред огледалото на совеста и одговорноста

Трагедијата во Кочани, според Сиљановска-Давкова, беше момент на национален шок, длабока човечка болка, ерупција на сочувство и солидарност, но и момент на политичка и општествена катарза – пред огледалото на совеста и одговорноста се најдовме сите и сè уште сме, посочувајќи дека „со крајот на животот ќе ја помнам сликата од утрото по трагедијата“.