📽️ „МОНТИ ПАЈТОН“ ВО АЛБАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ Опозициски пратеник украде доверлив документ за договорот со САД

Во албанскиот парламент настана вистински хаос откако опозициски пратеник одзел доверлив документ поврзан со воениот договор меѓу Албанија и САД, по што следувала драматична потера низ собраниската зграда.