МЛАДИТЕ ВО НСДП ВОДАТ ТЕШКА БИТКА ЗА ОСАМОСТОЈУВАЊЕ Долга е сенката на СДСМ, во која се ладат Мисовски и Мираковска

После валканите игри кои резултираа со тоа Горан Мисовски да биде прогласен за единствен кандидат за наследник на Тито Петковски на лидерската позиција, на конгресот 4 јуни сепак ќе биде предизвикан од Кристијан Трајковски, предводник на младото крило во партијата.