МИСТЕРИОЗНИ УБИСТВА ШТО ИСПРАЌААТ ПОРАКИ ЗА НЕМОЌ Како изгледа кога малиот човек ќе се побуни во романот на Токарчук

Романот на нобеловката Олга Токарчук „Терај си го плугот по коските на мртвите“ претставува крик на индивидуата наспроти корумпираното општество, она од кое секоја единка страда на овој или на оној начин и во кое поединецот нема никаква гласност. Тоа, пак води кон нови страдања зашто ја тера единката да ги земе правдата и праведноста во свои раце.