🎥 МИЦКОСКИ СОЗДАВА ШИРОК КОНСЕНЗУС ЗА ПРЕДЛОГОТ ЗА ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО НА УСТАВНИТЕ ПРОМЕНИ Конечно нешто ново во надворешната политика

Освен коалициските партнери во Владата, ЗНАМ и Вреди, согласност за одложени уставни измени даде и опозициската ЛДП, а СДСМ најави дека е подготвен да разговара за сè што ќе овозможи исчекор на Македонија во евроинтеграциите. Дали сево ова значи дека во Македонија, чекор по чекор, се гради консензус за ова важно прашање од надворешната политика?