МЕНКИНОСКИ СЕ СОМНЕВА ДЕКА МУ Е ЗАБРАНЕТ ВЛЕЗ ВО БУГАРИЈА ЗАШТО ГИ ЗАСТАПУВА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СТРАЗБУР Мицкоски оцени дека потегот на Софија е срамен

Менкиноски изрази сомневање дека ваквата мерка е директно поврзана со неговата работа како адвокат кој ги застапува Македонците во Бугарија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур и истакна оти обвинението е сериозно, но е донесено без конкретно образложение и без претходна правна постапка.