„МЕ ПОГОДИ КАКО ГЛАСАШЕ МАКЕДОНИЈА“ Многу вложив во односите со нашите браќа, вели Вучиќ

Ме погоди Македонија. Без разлика на приказната дека тоа е претходната влада, а од претходната влада ќе кажат не сме ние туку Албанците и ќе има безброј оправдувања. Најмногу вложив во односите со нашите македонски браќа и тие за нас секогаш ќе бидат браќа, но односот не е фер. Се покажа дека Грција имаше поголема „кичма“ од Македонија. Тоа ме погоди, а Црна Гора не, бидејќи тоа го очекував, објасни Вучиќ.