МАЖ УБИЕН ВО БАТИНЦИ Пукале во него од возило во движење

Две лица од патничко возило „мерцедес“ пукале кон патничко возило „форд“ во кое биле А.Б.И.(34) и З.И.(31), двајцата од селото Црн Врв. На местото на настанот починал А.Б.И., а З.И. се здобил со повреди и е пренесен за укажување лекарска помош во Ургентен центар.